Девојка на возраст од 20 години синоќа е донесена во Ургентниот центар во Белград со тешки повреди настанати под неразјаснети околности.
Докторите не можеле да сторат ништо и девојката починала.
– Во 3.15 часот во Итна помош со приватен автомобил донесено е женско лице на возраст од околу 20 години со исклучително тешки повреди настанати под, засега, неразјаснети околности и лекарите можеле само да констатираат смрт, објаснето е од Итна помош.
Случајот бил пријавен во полиција.
Полициските службеници веднаш излегле на терен но се уште нема информации како девојката ги здобила повредите.