Мистериозна светлина на Динара ги исплаши планинарите (Фото)


dinara svetlina

Необична светлина ги изненадила планираните кои викендов планинареле на планината Динара.

Јозо Зебиќ и Иван Витиќ биле дел од групата која се искачувале на Динара. На патот кон планинарскиот дом, на надморска височина од 1.369 метри, чудна глетка ги изненадила, пишува хрватски „Дневник“.

Пред нив имало јама, со дијаметар од пет и длабочина од три метри.

dinara svetslina 2Како искусни планинари, навикнати биле да гледаат вакви јами, но оваа била поспецифична од претходните бидејќи чудна светлина зрачела од неа.

Од далеку си помислиле дека некој логорува во таа јама и дека светлината е од огнот кој го запалиле, но како што се приближувале сфатиле дека во неа има само снег.

„Не можеме да објасниме што видовме. Најлогично е дека е некоја дупка која задржува дневна светлина, бидејќи и кога се стемни, светлината уште зрачеше со истиот интензитет“, раскажал Иван за хрватскиот медиум, и вели дека направи фотографии од чудната појава.

 dinara svetlina

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1