Мистериозна цивилизација со јажиња ги транспортирала Моаи статуите


Мистериозните камени глави на Велигденскиот Остров можно е да биле „пеш“ донесени во положбата во која денес се, според тим научници.

20130612-misteriozna-civilizacija-so-jazhinja-gi-transportirala-moai-statuite-1На далечниот остров има околу 1000 статуи. Нивното потекло и луѓето кои ги изградиле до ден денес се обвиени во тежок превез на незнаење. Но, едно прашање секогаш отварало дебата: Како племето ги транспортирало Моаи статуите, кога некои од нив тежат и повеќе од 80 тони, без придобивките на модерната технологија?

Тимот научници предводен од археологот, Карл Липо од Универзитетот во Калифорнија верува дека базите на статуите биле издлабени на лице место.

Истражувачите ја ислустрирале својата теорија преку создавањето на реплика на една од статуите тешка 5 тони, доведувајќи ја во исправена позиција на Хаваи. Со само неколку јажиња, 18 лица успеале да ја нишаат статуата напред-назад. Овој начин на транспорт сигурно одземал многу време.. Потоа базите сигурно се копале под земја, за статуите да можат да стојат исправено.

20130612-misteriozna-civilizacija-so-jazhinja-gi-transportirala-moai-statuite-4

20130612-misteriozna-civilizacija-so-jazhinja-gi-transportirala-moai-statuite-2Според претходните студии се веруваше дека изгубена цивилизација, сечела дрва на островот ги легнувала статуите и ги тркалала до место со помош на стебла. Сепак професорот Липо го офрли тврдењето од минатогодишната студија, кое вели дека маивните карпи биле тркалани по ридовите.Џоен ван Тилбург, директорка на проектот  „Статуите од Велигденскиот остров“ и професорот од Универзитетот од Калифорнија вели: „Не мислам дека треба да се измисли некој многу чуден и тежок метод за транспорт“ Таа во 1998 година со помош на реплика покажала дека движењето на стаутите хоринзонтално меѓу паралелно поставени стебла било успешно.

fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1