Мистериозни кругови во Јадранско море – никој не знае што се


Мистериозните кругови кои се појавиле во Јадранското море биле забележани минатото лето, кога сплитското здружение Сонце, за потребите на јавната установа Природа, која управува со заштитувачките делови на природата, во Приморската-горанска општина, работела на мапирање на морските видови на подрачјето кај островите Унија и Суска.

kruugovi-2-Index-hr„Од бреговите на островите и од снимките направени од воздух се забележани необични кругови, а потоа истите биле забележливи и од брегот на Дугог островот“, вели Мосор Прван, биолог од здружението „Сонце“.

„Еднакво оддалечени од брегот и меѓусебно еднакво оддалечени по 300 метри, и сите се со иста големина од 50 метри пречник. Кога ги забележавме веднаш се заинтересиравме за нив, но мислевме дека е грешка на аеро снимките, па влеговме подлабоко во водата и откривме дека ивиците на круговите се толку совршени, како некој да ги прави“, се чуди Прван.

На еднаква оддалеченост од островот од надворешните страни, кон отвореното море, се сместиле дури 28 круга втиснати сред морските агли. Вердан Петешиќ често тука пливал под водата, но не знаел дека плови во круг. „Нормално дека не можев да приметам дека тоа е правилен круг. Површините ми изгледаа чудно, ми изгледаа голи, без никаква трева, како да беа контаминирани“, вели Петешиќ. „Кој, што, зошто, кога, поради што, и се разбира како, се само некои од прашањата, кои барем засега се вртат во круг. Се создадоа различни можности.

„Најпрвин помисливме дека станува збор за војската, можеби некои ловел со динамит, а можеби некои истражувал и барал нафта, но во разговорите со колегите кои се занимаваат со експлозив, изјавија дека истите се до толку совршени што тешко можат да настанат од динамит, поготово, велат со пречник од 50 метри и 20 метри под морето, вели Мосор Прван.

„Потоа отидовме да разговараме во Институтот за геофизика во Загреб, а на крајот и нив ги заинтересиравме, како што наведуваат, тие сигурно не настанале со нафтени истражувања, затоа што нивната методологија не оди хоризонтално, туку вертикално од брегот. Мистериозните кругови сега ги очекуваат научни истражувања, преку кои научиците се надеваат дека ќе најдат одговори на бројните прашања кои засега се вртат во круг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1