„Дрвото на животот“ или „Shajarat-al-Hayat“, како што е наречено на локален јазик, е осамено дрво кое се наоѓа во срцето на пустината на Бахреин скоро 400 години
И неговата возраст, и неговата локација го прават ова дрво вистински борец и преживувач, а се смета дека е извонредно чудо на природата. Дрвото стои самот, на ритче 7 метри високо, кое е и највисоката точка во Бахреин, оддалечено со километри од друго природно дрво и без очигледен извор на вода.
Со 7 метри височина дрвото продолжува да расте и покрај екстремните температури, недостатокот на свежа вода и хранливи материи.
Името „дрво на животот“ го добил со самиот факт што тоа стој среде жешка и сува пустина без познат извор на вода, што навистина претставува неверојатна моќ на природата.
И ден денес изворот од кој дрвото зема вода е мистерија, бидејќи стои на место на коешто нема вода. Научниците велат дека неговите корени се толку длабоки и широки што можно е да добива вода од резервите на изворите оддалечени со километри.
Локалните жители веруваат дека долговечноста на дрвото е поради Енки, митскиот Бог на водата, а оваа локација ја обележуваат како Едемска градина.
Опкружен со бескрајни нафтени полиња, дрвото оддалеку личи на мала зелена точка во пустината.
Дрвото на животот се наоѓа во Бахреин на 2 километри од Бејел Дукхан.
Факултети