Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, СДСМ во Скопје, ДУИ во Струга и БЕСА во Желино


Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи централен митинг во главниот град Скопје.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Василево, Ново Село, Босилево и Конче и митинзи во Радовиш и Струмица.

Демократската унија за интеграција најавува средба со граѓани во Охрид и Струга, а Движењето „БЕСА“ во Желино.

Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1