Мицкоски: И покрај сите злоупотреби и притисоци, Македонија ќе добие жена претседател


Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски правото на глас го оствари во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае. Тој по гласањето во изјава за медиумите кажа дека денеска е денот кога граѓаните треба гласно да зборуваат со пенкалото во рака.

„Денеска е свечен ден и покрај сите неправилности и нерегуларности кои што ги добивам, денеска од терен, очигледно дека карактерот на властодршците на Заоран Заев не мирува, сакаат на насилен пат да изберат претседател. Но и покрај сите злоупотреби, притисоци и она што се случуваше изминативе денови ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова ќе победат и Македонија ќе ја добие првата жена претседател“, рече Мицкоски по гласањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1