Едногодишното владеење на владата е катастрофално, со последици кои се чуствуваат и имаат огромно влијание врз граѓаните, порача Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-Дпмне.
-Имаме урнисана економија, безпарица кај народот, урнисано здравство, земјоделие, образование. Еден голем хаос кој е предизвикан од непособната влада, и нивната неработа и непосветеност. Немаат остварено ниту едно големо ветување кое ќе го направи животот на граѓаните подобар. Оваа влада е најлошата досега – истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека држвата забележува зголемување на долгот, а никаде ги нема парите за кои се задолжува.
-Нема проекти, нема ништо со што можете да кажете подобро се живее. Парите народот не ги гледа. А знаете зошто не ги гледа? Затоа што водат клептоманска политика, затоа што камионите од картелот треба да вртат, луѓето блиски до власта ги добиваат сите тендери, и затоа го укинаа советот за јавни набавки за да може во четири очи да склучуваат договори. Кога ќе ви кажат дека живот ќе носеле, знајте дека од тоа ништо нема, ќе донесат само бизниси и црни пари за картелот на власт – посочи Мицкоски.