Мицкоски ја обвини Владата за политика на омраза поради Ќосето


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека речиси и да нема ден без скандал приреден од владата. Тој изјави дека граѓаните се чувствуваат неспокојно и рече оти е свесен дека таа несигурност ги обесхрабрува и удира по нивното достоинство.

– Последниот таков чин, беше рушењето на споменикот на македонскиот револиционер Андон Ќосето. Можете да замислите каква е таа политика на омраза со која се посега по рушење на паметници на револуционери само затоа што не се изградени од актуелната власт. Омраза која што заслепува. Рушењето на споменици, секако не е активност со која се занимава една просперитетна влада чии погледи се кон иднината, тоа е чин кој го практикуваат ретроградни сили, како ИСИС во Сирија и талибанците во Авганистан. Ако тоа е нивниот репер, тоа не е примерот кој го сакаат и почитуваат македонските граѓани. Се што е изградено е направено да им служи на македонските граѓани. Секој паметник останува за историјата и е израз на почит кон личностите кои оставиле трага, а работата на историчарите е да ја оценуваат и вреднуваат нивната улога, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ние не смееме да станеме држава која се срами и ги нагрдува своите херои.

– Едно е сигурно, ќе дојде ден овој споменик да биде поставен на местото на кое што заслужува, а исто така ќе дојде ден и кога оние кои ова го прават ќе се срамат за своите постапки и во тоа ве уверувам. Сето ова е дел од сценариото за дефокусирање од вистинските теми, а ниските страсти треба да ги покријат прашањата на кои се нема одговор, за жал. Зошто има под 50 проценти реализација на планот 3-6-9, зошто граѓаните по речиси 9 месеци немаат подобар стандард, повисоки плати, пензии, зошто стечајците немаат решено статус, зошто нема проекти во образованието, инфраструктурата, здравството?, запраша Мицкоски и додаде дека тоа се вистинските теми за кои власта нема слух.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1