По изборот на професорката Гордана Силјановска Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција на партијата која се одржа во Струга, говор одржа и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
– Честитки што се одваживте да аплицирате за кандидат за претседател на Република Македонија и иден претседател на Република Македонија. Македонија денеска доби мајка на нацијата – рече Мицкоски.