Мицкоски најави протести од мај и предвремени парламентарни избори


Многу брзо, веќе од мај ВМРО-ДПМНЕ започнува со протести на улица, кои ќе траат се додека на предвремени парламентарни избори не ја урнеме оваа ненародна власт. Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат, најави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата Алфа.

– Многу брзо, веќе од мај ВМРО-ДПМНЕ ќе го поведе народот на улица. Ќе излеземе на протести кои ќе траат се додека на предвремени парламентарни избори не ја урнеме оваа ненародна власт. Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат. СДСМ дојде на власт со тепање, фарбање и кршење на законот и во тој стил продолжуваат со преседани што секако ќе им се врати – рече Мицкоски.

Тој порача дека партијата се трансформира и реорганизира за да ја победи власта на Зоран Заев, која со своите катастрофални политики буквално во сите области ја доведе државата пред пропаст. Мицкоски предупреди дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да прифати решение за името во спорот со Грција кое ќе биде капитулација, односно доколку владата на СДСМ и Заев прифати нешто што е во спротивност со националните интереси.

Лидерот наВМРО-ДПМНЕ го коментираше изгласувањето на Законот за јазиците оценувајќи го како антидржавна одлука, насилство и голем срам за Македонија.

Тој најави интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери, кој според него, ја узурпирал функцијата и кривични пријави за сите кои учествувале во донесување на овој, како што рече, неуставен закон. Ги негираше тврдењата дека ВМРО-ДПМНЕ имала договор со ДУИ за Законот кој беше силно осуден и од меѓународната заедница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1