Мицкоски: Наскоро ќе го слушнете мојот забранет говор!


Ако можеа Могерини и Столтенберг да се обратат во парламентот, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Договорот од Преспа го смета за мртов.

Деновиве сите очекувања се свртени кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со надеж дека нејзините пратеници ќе покажат одговорност во парламентот и ќе дадат поддршка на уставните измени кои се обврска од Договорот од Преспа. Вчера помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, ја изрази „разочараноста на САД од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ, како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот“.

„Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда“, порача Мичел во писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски во разговор за Дојче веле објаснува дека „во текот на денов“ ќе даде коментар/одговор на пораките од писмото. Но, има став за одбиеното барање да им се обрати на пратениците во парламентот.

ДВ: Што е она што досега не сте го соопштиле или не можете да го кажете на прес-конференција и со видео-обраќање, па ја побаравте и говорницата во парламентот?

– Бидете трпеливи, денес-утре ќе го слушнете забранетиот говор и сето она што сакам да и го соопштам на јавноста како моја порака.

ДВ: Зошто го дефинирате како „забранет говор“, кога Деловникот не предвидува можност за ваше обраќање во Собранието?

– Јас знам дека во парламентот досега биле дозволени обраќања на многу личности кои не биле пратеници. Во изминатиот период се обрати Могерини, се обрати Столтенберг… Ако можеа странски претставници да се обратат, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија? Во доцните деведесетти се обратија и студентите, и имаме многу други примери во минатото. A само еден ден претходно од премиерот чувме пораки за помирување, простување…

ДВ: Но, Заев не е домаќин во парламентот, не може тој да ве кани…

– Како и да е, јавноста ќе ја слушне мојата порака многу брзо преку забранетиот говор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1