Мицкоски: Не се враќаме во Собранието се додека има политички прогон


Христијан Мицкоски денеска на прес конференција пред Собранието рече дека одлучле да не учествуваат во собраниската работа поради тоа што 12 отсто од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, односно 5 отсто од сите пратеници се наоѓаа во притовор и „конструирано“ се обвинети за тероризам.

Мицкоски напомена дека не постојат демократски услови за работа на Парламентот и дека ова за нив претставува политички прогон кој се додека не запре, пратениците од најголемата опозициска партија нема да се вратат. Тој рече дека комуникацијата со владејачкото мнозинство постои за некои од најважните прашања, како што се собраниските комисии, но како што рече, не е честа. Тој ја повика власта да се одлули дали приоритет и се реформите или како што рече пресметка со неистомислениците.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1