Мицкоски: Неучеството на регионалната конференција е приватизирање на државата за свои лични потреби


„ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценувам за незрело и скандалозно однесувањето на потпретседателот на владата кој по сопствена оценка и поради причини кои никако не ја засегаат Република Македонија одлучил да не учествува на регионалната конференција на која се преставувани државите од Западниот Балкан и на која се разговара за европската интеграција на регионот.

Македонија за жал пропушта добра шанса да се престави во регионот и да ги застапува своите интереси.

Приватизирањето на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели штети на интересите на државата“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Министрите во владата се платени од граѓаните да ги преставуваат интересите на Македонија и тоа е единствената и најважна агенда и обврска на секој еден функционер.

Ваквиот дипломатски скандал отвара повеќе дилеми:

1. Дали учеството на Самити во иднина ќе зависи од тоа кои држави се поканети во регионот и дали владата има донесено одлука за тоа?
2. Доколку се работи за изолирана одлука, дали владата ќе покрене прашање за одговорност за дипломатскиот скандал и каква ќе биде таа?

Ваквиот незрел однос е само приказ за општиот однос на владата кон интеграцијата на регионот каде како земја имаме целосна стагнација.

Владата покажува неспособост во секое поле и област и затоа мора да си оди.

Доаѓа нова надеж за Македонија!“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1