Мицкоски: Одговорноста за преговорите со името од сега па натаму е на Владата


Република Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните интереси, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба во Клубот на пратеници.

Тој рече дека предлозите што ги презентирале премиерот и министерот за надворешни работи, помалку или повеќе и се веќе познати на јавноста.

-ВМРО ДПМНЕ е силен поддржувач на евроаталанските интеграции и останува на браникот на националните интереси. Оваа средба требаше порано да се случи, сега ги имаме информациите. Од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите го има Владата и таа треба да продолжи да го движи. ВМРО-ДПМНЕ е поддржувач на преговорите и останува на опцијата дека Република Македонија мора да биде дел од ЕУ и НАТО – рече Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1