Мицкоски: Оваа влада на СДСМ мора да замине час поскоро


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод теренските посети се со цел да се слушнат што поголем број на идеи и предлози кои ќе бидат вклучени во новата програма на партијата, вчера вечер оствари средба со граѓаните од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ново село.

На средбата со граѓаните претседателот Мицкоски рече дека идејата и суштината на овие теренски посети е да се посети секој општински комитет, секој месен комитет, градови, села, домови, улици, за да може директно од граѓаните да слушне што им е неопходно за да бидат среќни и успешни во сопствената држава.

Мицкоски за економскиот крах кој се случува во моментот во Македонија, рече дека со владата на СДСМ, економијата доживува целосен колапс.

Бев кај Орбан, премиерот на Унгарија, вели имаме рекордна година од пет отсто раст на унгарското стопанство. Бев кај Бојко Борисов, премиерот на Бугарија и вели дека има рекордна година скоро 4 отсто раст во Бугарија. Бев во САД, и немаше човек кој што не рече дека ова е рекордна година за американската економија. Само јас веднев глава и не знаев со што да се пофалам, со 0 отсто од цунамито наречено Зоран Заев, посочи пред граѓаните Мицкоски.

Мицкоски направи споредба за 2016 и 2017 година и истакна дека во 2017 година има 100 милиони евра помалку странски инвестиции, 4 отсто намалено индустриско производство, а градежништвото е намалено за дури 12 проценти.

30.000 денари плати ги нема, 100.000 денари плата за докторите ги нема, на пензионерите им ветија секоја година покачување на пензиите за 10 отсто и тоа го нема, им ветија на земјоделците поголеми субвенции, а и тие не им ги даваат што ги заслужуваат, беше дециден Мицкоски.

Тој рече дека наредниот период што престои нема да биде лесно, но борбата мора да продолжи се додека не се спречи овој терор и узурпација на државните институции и граѓаните од страна на оваа ненародна влада на СДСМ и Заев.

Некои ќе бидат отпуштани од работа, некои ќе бидат понижувани, но не смееме да потклекнеме. Мораме да издржиме Македонија е во прашање, не смееме да дозволиме ова да продолжи да ни се случува. Државата е коднапирана од Зоран Заев и кликата околу него, изјави претседателот Мицкоски.

Мицкоски ги повика сите граѓани кои сакаат да се приклучат на овој пат дека се добредојден да застанат рамо до рамо со него како претседател на ВМРО-ДПМНЕ за да спасат Македонија од безкурпулозен човек Зоран Заев.

Целта на оваа посета и на сите наредни посети е да добиеме од вас навигација како понатаму да продолжиме. А, воедно да може тоа што ќе го слушнам од вас, заедно она што го подготвуваме, заедно да добиеме конечен резултат а тоа е најдобрата, најквалитетната програма што некогаш е направена, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Претседателот Мицкоски пред големиот број присутни граѓани објасни дека подготвувањето на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е само прв чекор, потоа следува втор чекор како што Мицкоски рече дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада ќе ја реализира програмата, бидејќи неговиот единствен приоритет, како и приоритетот на ВМРО-ДПМНЕ е да одговори на потребите на граѓаните на Република Македонија за нивен поквалитетниот живот.

Кога ќе ја формираме следната влада, сето тоа што сега ќе го ветиме пред граѓаните на Република Македонија ќе го реализираме. Нема да се обврзиме само со програма, туку ќе се обврзиме и лично, дека и најмала работа која што ќе ја ветиме ќе ја исполниме, а доколку не го направиме тоа ќе си заминеме од политичката сцена. Затоа што овој народ е доволно разочаран и претрпел многу лаги во овие 10 месеци, за да може да си дозволи уште една таква лага, изјави Мицкоски.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1