Мицотакис: Бараме избори за народот да одлучи за Договорот од Преспа


Бараме избори за народот со неговиот глас да одлучи за текот на ова национално прашање, рече лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис говорејќи за Договорот од Преспа, во обраќањето на почетокот на состанокот со надлежните за различни области во партијата.

Тој уште еднаш повтори дека тие се против Договорот од Преспа, за кој рече дека е склучен во отсуство на грчкиот парламент.

– Договорот ние нема да го ратификуваме и бараме избори, токму затоа што треба колку е можно побргу да се стави крај на завршените работи, кои, за жал, секој ден произлегуваат и ќе продолжат да произлегуваат во следните месеци, за да може грчкиот народ, со неговиот глас да одлучи за текот на ова големо национално прашање, рече Мицотакис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1