Здружението Лесковачки ајвар, сопственикот на заштитениот истоимен бренд, ќе го тужи на Меѓународниот суд во Женева производителите на ајвар од Гевгелија, Република Македонија, заради кражба и фалсификат на српскиот бренд, пренесува Канал 5.
Имено, при неодамнешната посета на САД на стопанската делегација на Лесковац, на рафтовите на поедини маркети во Чикаго виделе тегли „лесковачки ајвар“ произведен во Гевгелија во Македонија, иако не постои таква дозвола помеѓу Србија и Македонија. Една тегла чини 4 долари и нашите луѓе во Америка масовно го купуваат