Млад манекен почина во Загреб: Се дрогирал со другари, па го фрлиле на улица


Матео Г., 21-годишен манекен кој повремено работел за една модна агенција, починал на паркинг пред згрда во Загреб, откако во саботата попладне му се слошило на забава во станот на неговиот пријател Филип Ш. (43).zagreb-policija

Филип бил уапсен под сомнение дека на друштво момчиња и девојки им овозможил во неговиот стан да конзумираат опојни дроги. Пријателите го изнеле Матео Г. пред зградата, повикале полиција и Итна помош, правејќи се дека не го познаваат и дека повикале помош откако го виделе момчето кое не било во добра состојба, пишува Јутарњи.

Лекарите го затекнале во исклучително тешка состојба кога веќе престанал да дава знаци на живот. И покрај напорите на медицинските екипи да го реанимираат, не успеале во тоа.

Присутните и дале лажни информации на полицијата, наведувајќи дека Матео го затекнале во таква состојба пред зградата. Но, истражувачите забележале несогласувања во нивните изјави и презеле мерки.

Коцките почнале да се склопуваат, па бил реконструиран следот на настаните кој завршил со трагичен исход.

Според полицијата, Матео Г. претходната вечер бил со поголемо друштво во клуб во центарот на Загреб. Таму се забавувале до раните утрински часови. Нешто пред пет часот наутро го напуштиле локалот. Тогаш дел од друштвото заминале во своите куќи, додека друг дел одлучил да продолжи со забавата. Се упатиле во станот на Филип Ш. Полицајците утрвдиле дека во станот конзумирале разни видови опојни дроги.

И се било добро до попладнето, кога на Матео Г. во еден момент му се слошило. А бидејќи младите биле преплашени за Матео, но и за дрогата во станот, го извадиле Матео надвор и повикале помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1