Во 00,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ј.Б.(22) од скопското село Љуботен со повредa од огнено оружје.
како што соопшти денеска МВР, Ј.Б. додека со возило „Мерцедес“ се движел по улицата “Алија Авдовиќ“ од страна на непознати лица било пукано кон возилото, при што истиот се здобил со прострелна рана во пределот на градниот кош. Повредениот со друго возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.