Млад скопјанец кој беше пријавен за исчезнат, пронајден мртов


Вчера во 10 часот и 45 минути во Секторот за внатрешни работи-Скопје, И.П.Н. пријавил дека околу 10 часот и 30 минути на улицата „Пушкинова“ во стан го пронашол безживотното тело на 31- годишниот В.Т од село Пакошево-скопско кој претходниот ден бил пријавен за исчезнат.

Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт.

На местото на настанот излегле полициски служеници, Јавен обвинител и судски обдуцент и бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1