Млади македонци со сајтови заработуваат и до 30.000 евра месечно


Сопственици на про-Трамп сајтови од Македонија заработуваат и до 30.000 евра месечно, неколку десетици македонски граѓани кои со негова „помош“ месечно заработуваат и до 30.000 евра.Страниците ги водат тинејџери на околу 16годишна возраст и тие не се заинтересирани за политиката на Трамп, туку го објавуваат она што ќе им донесе најмногу кликови,а со тоа и најмногу реклами, односно пари.

Велешани беа едни од првите во Македонија кои успеаа да ја претворат Трамп-манијата во профитабилен бизнис – уште за време на прелиминарните избори во Републиканската партија.tramp-sajtovi-bazfid

Феноменот брзо го привлече вниманието на медиумите. Во август 2016 година, британскиот весник Гардијан идентификуваше повеќе од 150 домени регистрирани во сопствеништво на македонски граѓани со адреси во Велес. Иако сите не беа поврзани со активни интернет страници, повеќето од нив активно го подржуваа Трамп

-Ја отворив страницата за да правам пари. А, луѓето во Америка најмногу сакаат да читаат вести и текстови за Трамп, вели еден тинејџер од Велес кој ја води страницата BVANews.com.

Дојче Веле разговараше со еден сопственик на про-Трамп портал, кој се согласи да разговара со нас под услов да остане анонимен. Нашиот соговорник, кој за потребите на овој текст ќе го именуваме ДД, ни објасни дека во порталот кој го основал работат тој и уште еден соработник и дека месечната заработка на интернет порталот е од 600 до 1.000 евра – што претставува солиден приход имајќи ги предвид просечните примања во земјата.sub-buzz-8001-1478115629-1

„Еден процент од сајтовите во Македонија заработуваат до 30.000 евра месечно, десет проценти од 1.000 до 2.000, останатите до 500 евра месечно“, објасни тој.

„Ми требаше нешто вирално, најчитано, најследено, нешто за што има преголем интерес во Америка. Сега се изборите во Америка, си реков што друго ако не политика. Шест години пратам политика и видов можност за заработка“, вели ДД за Дојче веле.

Тој не негира дека дел од текстовите кои се објавуваат не се вистинити и дека токму бомбастичните наслови служат за да привлечат читатели.

„Во последните три месеци, 80% до 90% од текстовите кои ги објавуваме се оригинални, а претходно преземавме содржини од други сајтови како Business Insider и CNN. Од оние кои ги објавуваме сега, дел се сатира, околу пет проценти. Тие не се вистинити, но токму овие текстови најмногу ја возбудуваат публиката. Тоа се непотврдени информации, нешто што не е точно, нешто за кое се зборува“, ни објаснува ДД.

Нашиот соговорник ни објасни дека интернет порталите од Македонија кои целат на американската публика не заработуваат само од политичка содржина. „Од Македонија се продуцираат околу 1.000 сајтови кои се наменети за американската публика. Дел се за политика, дел за убавина, здравје, животен стил и сл.“, вели тој.

Еден од најпопуларните постови во последно време, објавен на 1 ноември, вели дека Хилари Клинтон е вмешана во убиството на свиркач. Оваа информација доби повеќе од 7.700 реакции и 16.000 споделувања на Фејсбук.

„Познавам луѓе од Куманово кои 4-5 години се во бизнисот и имаат регистрирано по 10-15 домени. Многумина ги кријат податоците за домените затоа што конкуренцијата од Македонија ги пријавува како измамници – што подоцна ги дисквалификува од системите за рекламирање“, вели тој.

Најголем дел од порталите се од Велес и Куманово, а помал дел од Скопје и Штип.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1