Млади прекрасни девојки имаат супер работа – „истеруваат“ демони


Брини Ларсон (18) и нејзините пријателки, сестрите Тес (18) и Савана Шелкенбек (21) професионално се занимаваат со егзорцизам – во превод, заработуваат пари мамејќи ги наивните.

Тие потекнуваат од Феникс, Аризона, а во САД минатата година стекнаа умерена слава благодарение на пропаднатиот телеевангелист Боб Ларсон, воедно и татко на 18-годишната Брини, кој стана мета на критики поради контроверзните методи за лечење на зависност од дрога или хомосексуалност, пренесува Денешен.

Со оглед на тоа што неговиот “бизнис” во Америка наиде на одредени препреки, тој се одлучи за нов работен потфат и со помош на ќерка си и нејзините пријателки започна турнеја во Украина, која се уште не е запознаена со овој измамник и неговите методи во вечната “борба против ѓаволот”.

Боб Ларсон и девојките допуштија екипата на “Vice” да им се придружи на турнејата, а гледачите имаа прилика од прва да научат се за “спасувањето на душите” на зависниците и оние опседнати со “сексуално преносливи демони”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1