Младиот кочанчанец сепак ќе добие нов полов орган


Дваесет и две годишниот кочанчанец кој си го пресече половиот орган се наоѓа во стабилна состојба, а дел од неговиот полов орган  е спасен.

Доктор Дохчев кој ја направил операцијата за Канал 5 вели дека станува збор за комплицирана операција, бидејќи момчето било во шок и со голема загуба на крв.doktor-500

За два месеца на момчето ќе му се направи нова операција, за да добие нормален орган.

-Една третина од должината на пенисот е добро сочуван и на него може да се надоврземе за во иднина да направиме некаква модификација и да добиеме нормален полов орган. Прво се пристапи кон итно хируршко згрижување на крварењето, вели за Канал 5 доктор Дохчев.

Докторот вели дека во иднина со дополнителни интервенции младиот кочанчанец ќе може да уринира, да има ерекција и да има нормален живот на млад човек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1