МНР апелира до нашите државјани во државите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјава


Како што се наведува во соопштението од МНР, на листата на земји од висок ризик се наведени Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Франција, Шпанија и Германија.

Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки, денеска преку соопштение упатува апел до сите државјани на Република Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјава во овој период.

Како што се наведува во соопштението од МНР, на листата на земји од висок ризик се наведени Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Франција, Шпанија и Германија, како и неколку десетини земји од среден ризик меѓу кои се повеќе европски земји, САД, Канада, Јапонија, Швајцарија, Австралија…(Листа на земји од висок, среден и низок ризик можете да најдете тука)

Министерството за надворешни работи, се додава, продолжува будно да ја следи состојбата со COVID-19 во и вон земјата преку дипломатско – конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата.

Од МНР повторно апелираат и во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки (листа на владините мерки и препораки можете да најдете тука).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1