МНР ја потврди веста за смртта на велешанката во Лондон


Се подготвуваат документите за транспорт на посмртните останки на Билјана З. од Лондон во Македонија, јавува Дума. Триесет и шест годишната девојка била пронајдена мртва во станот во кој живеела. Амбасадата на Македонија во Велика Британија посредува во постапката и му помага на овластеното лице од семејството на починатата. Штом се заврши со прибирањето на сите потребни документи и се обезбедат сите протоколи, посмртните останки ќе бидат пренесени во државава, рекоа од Министерството за надворешни работи.BRITAIN-POLICE-UNREST

Засега не се знае од што настапила смртта кај девојката. Тоа ќе треба да го покажат резултатите од обдукцијата.

– Ова е трагедија како за семејството така и за починатата девојка – велат неколкумина велешани кои го познаваат семејство и Билјана.

Девојката петнаесет години живеела во Лондон и работела како медицинска сестра. Таа често доаѓала дома, во Велес. Пред еден месец нејзиниот татко бил во Лондон кај неа. Семејството секојдневно контактирало со Билјана на телефон или интернет. Родителите откако не успеале во понеделникот да се слушнат со неа побарале помош од нејзини пријатели во Лондон кои потоа им ја соопштиле трагичната вест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1