МНР: Не патувајте во Либија, ако сте таму барајте помош во амбасада


Министерството за надворешни работи препорачува да не се патува во Либија поради влошената состојба во таа африканска земја.

mnr novo zgrada„Поради влошувањето на безбедносната состојба и интензивирањето на вооружениот конфликт во Либија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија на своите граѓани им советува да се воздржат од патување во оваа земја“, соопшти МНР.

Се советуваат сите македонски граѓани кои се веќе во Либија да се пријават во македонските амбасади во Каиро и во Рим за дополнителни информации. МНР ги објави и телефоните на овие седишта – Амбасада на Република Македонија во Каиро, Египет: + 202 23 805 269 + 202 27 508 501 и Амбасада на Република Македонија во Рим, Италија: + 39 06 84 24 11 09 + 39 06 84 11 470.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1