МНР потврди: Еден од киднапираните инженери во Либија е Македонец


Министерството за надворешни работи доцна попладнево потврди дека еден од тројцата киднапирани инженери во Либија е македонски државјанин. Проверките околу неговиот идентитет траеја 24 часа, јави „Утрински весник“.

kidnaping265_1336506149Медиумите во Италија објавија дека станува збор Емилио Гафури, но нашите власти првично не успеаја да пронајат македонски државјанин со такво име и презиме

„По дополнителните проверки утврдено е дека еден од тројцата исчезнати инженери е македонски државјанин. Неговиот идентитет, како и други лични податоци ќе бидат соопштени утре“, изјавиле од МНР за „Утрински“.

Тројцата вработени во италијанската градежна фирма „Пјачентини констуциони“, кои последен пат се видени во саботата наутро, се претпоставува дека биле грабнати пред куќата во која живееле. Досега никој не побарал откуп за нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1