МНР: Пронајденото тело со слична облека како на Дениза – ДНК анализата ќе утврди дали е таа


Женски труп во напредна фаза на распаѓање во саботата е пронајден на северозападниот брег на грчкиот остров Карпатос, за кој постои сомневање дека се работи за исчезнатата Македонка Маркоска.

Телото е однесено на островот Родос каде што ќе биде направена аутопсија со цел да се утврди времето на смртта или други информации кои може да придонесат за откривање на идентитетот и причината за смртта на жената.denisa brod

„Етнос“ пишува дека според првичните индикации, може да се работи за 23-годишната Дениса Маркоска која на 12 септември исчезна од бродот за крстарење „Серенисима“ на кој работела. Бродот тој ден пловел меѓу Карпатос и Родос, а негова крајна дестинација бил Агиос Николаос.

Извори на МИА во македонското Министерство за надворешни работи потврдија дека грчката полиција побарала преку македонската Амбасада во Атина надлежни органи да се вклучат во идентификација на телото, односно ДНК анализа.

– Нè информираа дека е пронајдено тело кое според описот кореспондира на исчезнатата. Ќе се направи ДНК-анализа за да се утврди идентитетот Се обидовме да стапиме во контакт со семејството на Дениза од Прилеп, но не успеавме да разговараме со таткото.– велат од МНР за Телеграф.мк.

Има голем број пропусти во полициската истрага, кои веќе ги споменавме, како и за тоа зошто не била прегледана нејзината соба, а и многу мал дел од персоналот на бродот е испрашан, што ни остава простор за сомневање за доцното алармирање на полицијата дека Дениза ја нема на бродот, како и одлуката на капетанот да го продолжи патувањето без да застане, изјави минатата недела Кире Маркоски, таткото на Дениза.

Последната трага од Маркоска, според капетанот на бродот, се губи среде море на рутата од Карпатос до Касу во заливот Мирабело. Во големата потрага, што траеше четири дена, беа вклучени полициски глисери и хеликоптер, кои биле во потрага по член на екипажот на бродот уште од 12 септември, откако капетанот јавил за нејзиното исчезнување во пристаништето на Агиос Николаос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1