Една чаша од овој пијалак може изгледа како обична зелена вода, но токму водата со хлорофил е новиот чудотворен пијалак, кој според научниците има низа предности за здравјето.
Хлорофилот е темнозелен пигмент кој се наоѓа во растенијата и алгите и им ја дава препознатливата зелена боја. Тој исто така е битен за процесот на фотосинтеза, со кој билките ја претвораат сончевата светлина во енергија што може да се искористи.
Хлорофилот има слична молекуларна структура како и хемоглобинот – супстанца која ја прави крвта црвена и која е одговорна за пренос на кислородот во телото. Научниците тврдат дека консумирањето хлорофил разреден со вода, може да го подобри преносот на кислород во организмот и како резултат на тоа да ја зголеми енергијата и да го подобри здравјето, пишува Дејли Мејл.
Хлорофилот е моќен антиоксиданс кој може да ве заштити од тумори, има антисептичко и против воспалително дејство, помага во регулирање на варењето и е одличен извор на магнезиум, витамин К, витамин Ц, фолна киселина, железо, калциум и протеини. Можеби најубавото кај хлорофилот е што ја прави крвта алкална, а со денешната индустриски произведена храна која ја закиселува крвта и создава токсини во организмот, алкалноста е најпотребна и најбитна.
Хлорофилот во изобилство се наоѓа во зелениот и во листестиот зеленчук, па затоа таквите производи треба во голема мерка да ги вклучите во прехраната, или пак купете течен хлорофил и секојдневно консумирајте по една мала лажичка во чаша вода, два пати дневно во редовни интервали.
Lady