Дали сте во потрага по партнер? Или пак можеби веќе имате сродна душа и едноставно сакате да внесете зачин во спалната соба? А што велите за тоа да внесете малку повеќе љубов кон себе? Кристалите, скапоцените и полускапоцените камења можат многу да ви помогнат во сите овие работи, па дури и повеќе од тоа!
Кога се чувствувате добро одвнатре, вие привлекувате надворешни искуства кои се пријатни за вас. Стариот и добро познат анксиом – сличното привлекува слично е еден од основите закони на функционирањето на животот. Колку сте повеќе среќни одвнатре и колку повеќе се сакате себеси, толку и однадвор ќе бидете посреќни и ќе привлекувате повеќе љубов во сопствениот живот.
Постојат голем број на техники кои можат да ви помогнат да привлечете повеќе љубов во својот живот. Употребата на кристалите со некоја од тие техники, значително ќе ви помогне да го подобрите ефектот и да постигнете поголеми резултати. Можете да ги ставите на одредени места во вашето окружување, за да ви помогнат да ја промените енергијата и да ги отстраните внатрешните блокади. Големите кристали се одлични за оваа намена. Кристалите кои се со форма на сфера, јајце, пирамида, или кластери, се совршени како природен извор на енергија во просторот.
Носењето кристал со себе, како потсетник да чувствувате повеќе љубов и да ја одржувате вашата енергија на високо ниво е уште еден добар трик. Можете да носите различни кристали со себе во текот на денот, во зависност од вашите потреби и расположенија. Доколку работите на љубовните прашања, се разбира дека треба да употребите кристали кои ја имаат таа фреквенција и овозможуваат трансформација или унапредување на постоечите модели.
Со употреба на кристалот, можете да користите различни афирмации. За постигнување најдобри резултати со помош на оваа техника, кристалотерапевтите советуваат да имате огледало пред себе. Но, она што треба да го знаете кога се во прашање афирмациите, тоа е дека треба да бидат позитивни и да бидат искажани во сегашно време.
Исто така, можете да ги ставите под перница додека спиете, или пак можеби сакате да ги држите во раката додека се одморате. Правејќи го ова додека спиете, енергијата на кристалот ќе има доволно време да се интегрира во вашето енергетско поле. На овој начин се засилува ефектот на кристалот во вашиот живот. Реалноста на кристалите и камењата не е ограничена во нивното влијание, па би требало да се препуштите на нивната енергија и интелигенција.
Во продолжение следат некои кристали и камења кои се употребуваат за емотивните и интимните теми и прашања:
Rhodochrosite е еден од најдобрите камења кои служат за отворање на четвртата чакра и внесува љубов, разбирање и рамнотежа на емотивно ниво. Ако сте убедени дека не можете „да се вљубите“, или ако едноставно мислите дека не можете да ја привлечете „вистинската личност“, тогаш токму овој камен би можел да ви помогне да се ослободите од стравот и непречено да се отворите.
Розенкварц е најпознатиот кристал кој се поврзува со љубовта и односите. Помага во отворањето на срцевата чакра (јас – ти односот) и ја зајакнува довербата меѓу партнерите. Исто така, тој ќе ви помогне да го подобрите чувството на себељубов, а тоа е почетната точка во остварувањето на било каков друг однос.
Јаспис се употребува за стимулирање на вашето либидо и внесува интензитет во сексуалниот живот. Црвениот јаспис ќе ви помогне да се чувствувате помалку инхибирано и страствено, па ако имате потреба да внесете зачин во интимното живеење, тогаш овој камен може многу да ви помогне.
Chiastolite е одличен камен кој го трансформира конфликтот и го балансира односот меѓу партнерите. Употребата на овој камен ќе ви помогне да го подобрите квалитет на постоечката врска и ќе внесе повеќе хармонија во комуникацијата меѓу партнерите.
Ова се неколку кристали кои се најчесто употребувани кога се во прашање љубовните прашања. Се разбира дека постојат многу други кои можат да се употребат за таа цел. Запомнете дека е од клучно значење да имате јасен и позитивен пристап кон кристалите, скапоцените и полускапоцените камења. Нивните енергии честопати се суптилни, но во исто време многу моќни.
Setaliste.mk