Молк на надлежните: Мајка и син загинаа зошто неможеле да ја платат стујата


М.М. (46) и нејзиниот 16-годишен син Д.М. загинаа од струен удар кога на нивната куќа во алексиначкото село Глоговица падна жица под напон.

Трагедијата се случи во средата, а мајката настрадала во обид да му помогне на синот.mm-i-dm-aleksinac-tragedija-struja-majka-i-sin-foto-mm-1492767053-1164343-116347

Ранко Филиповиќ од соседното село Лужане вели дека добро го познавал семејството што го снајде несекојдневна трагедија.

Ним пред месец дена им е исклучена струјата зошто немале пари да ги плаќаат сметките. Поради големиот студ се приклучиле на некоја жица, која ветерот ја откачил па така и мајката и синот настрадале од струе удар.

По повод трагичниот настан пред зградата на Електропривреда на Србија во Алексинац се собраа мештаните, соседите и роднините на настраданата мајка и син, сакајќи на овој начин да им оддадат почит на настраданите.

Меѓу собраните е и Снежана Петровиќ која и самата тешко живее, а поради незавидната материјална ситуација нејзиниот долг за струја е милионски.

-Должам за струја милион и 600 динари. Во куќата растам две внучиња, живееме во мрак, не можам да ги бањам децата, да им зготвам топло јадење, немаме греење. Пред 20 години маж ми се повреди, беше долго во болнциа, поради што паднавме во долгови. Барав помош од сите, никој ништо не ни даде. Морав да го лекувам и оттаму овој долг, вели жената.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1