Молк за анализите на ДНК примероците – Никој не кажува дали пронајдената мртва девојка е Дениса


Останува неизвесноста со исчезнувањето на Дениса Маркоска  .  Нема информации дали се готови резултатите   од аутопсијата на телото кое беше пронајдено пред една недела во близина на Карпатос?  Дали  се работи за 23 годишната прилепчанка или   станува збор за некоја друга жена ?   Сител три дена ги контактира надлежните органи  во Грција, но од таму  нема одговор.  Од министерството за внатрешни не упатија во  полциијата на Крит.denisa brod

Од таму  не насочија во полиција во  Карпатос. Таму пак, бараат прашањата да ги пратиме по електронска пошта.

Но, на прашањата на Сител  никој не одговори  до овој момент.

Иако  се шпекулираше дека резултатите ќе бидат готови уште пред два дена, од македонското министерство за внатрешни работи велат дека се уште нема пристигнато никаква информација од колегите во Грција.

Не се знае ниту дали родителите на Дениса  имаат нови информации од надлежните за исчезнувањето на нивната ќерка.  Никој од семејството Маркоски не одговара на телефонски повици, не демантираат ниту потврдуваат дека  вчера биле на разговор во МНР во Скопје .

Дениса последен пат биле видена на 12 септември на бродот Серенисима, каде работела две години.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1