Шеснаесетгодишно девојче и нејзин петнаесетгодишен другар вчера биле нападнати од непознат сторител на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје.
Разбојникот им пришол зад грб, во влез од зграда. Го удрил девојчето со тупаница по лицето, а потоа со закана со нож им одзел два мобилни телефона и 770 денари по што заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.