З.Т. роден 2001 година денес околу 12:40 часот бил избоден со нож на автобуската постојка Рекорд, информираат од МВР.
Момчето било нападнато од две лица и прободено со остар предмет во пределот на стомакот.
Со возило на Итна медицинска помош е префрлен во ГОБ Св.Наум Охридски.
Се работи на расчистување на случајот.