Во стан во Козле избил пожар додека во станот била мајка со мало бебе, јавува Плус инфо. Во еден момент жена со бебе панично влетала во просториите на фитнес клубот и побарала помош, објаснувајќи дека станот ѝ гори, а нема кој да ѝ помогне.
Младо момче веднаш земал апаратот за гаснење пожар од теретаната и истрчал во станот каде успеал да го изгасне распламтениот оган.
Благодарение на неговата брза реакција пожарот не се проширил и на погорните катови од зградата.
Повеќе инфо на – Плус инфо