Дваесет и едногодишно момче е повредено во левата потколеница од убод со нож при вербална расправија меѓу две групи, што се случила синоќа околу 19.30 часот на улицата 133 во Тетово.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во расправијата, во која од една страна учествувале 10 до 12 лица, а од другата страна шест лица, Е.Ц. на Ѓ.Д. со нож му нанел убодна рана во пределот на левата натколеница.
Како причина за насилството се наведува тоа што Ѓ.Д му продал мобилен телефон на Е.Ц и не го исклучил фејсбук профилот.