Mомче пронајдено мртво на улица – среде ноќ им ѕвонело на врата на станарите


На јавноста се уште не и е познат идентитетот на момчето кое утрово е пронајдено мртво на неколку метри пред влез на станбена зграда во карловачкиот кварт Лушиќ, Хрватска, ниту деталите кои и претходеле на трагедијата.kukja-policija-lenta

Неговото безживотно тело први го забележале станарите кои излегле од зградата, утрово нешто пред 6 часот и веднаш ја известиле полицијата.

Неколку станари за Јутарњи потврдиле дека помеѓу 3 и 4 часот слушнале бука, а неколкумина рекле дека некој им ѕвонел на врата во тој период. Од страв не излегле да видат кој би можел да биде. Овој дел од квартот е мирен и нема проблеми со деликвенција.

Полицијата не исклучила ниту еден вид насилна смрт, па така можно е да се работи за убиство, самоубиство или можеби несреќен случај.

Телото на момчето е испратено на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1