Момче се бори за живот на КАРИЛ по сообраќајка со мопед


Дваесет и три годишниот С.П. од Лозово се бори за живот на КАРИЛ по сообраќајна несреќа која се случила синоќа на магистралниот пат Велес – Штип во близина на село Сарамазлино. До несреќата дошло кога мопед со кој управувал С.П. се превртел.

По несреќата момќето заедно со неговиот сопатник на мопедот, 16-годишник исто така од Лозово се пренесени во Медицински центар Велес за укажување на медицинска помош, каде што кај сопатникот се констатирани телесни повреди, а на С.П. му е констатирана тешка телесна повреда.

МВР информира дека поради сериозноста на повредата е пренесен и задржан на понатамошно лекување во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје на КАРИЛ.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1