Лекарите низ долгогодишното искуство и пракса доживуваат многу среќни, тажни, но и ужасни случки, почнувајќи од тоа да му се помогне некому, па се до смрт на пациент. Некои низ годините се навикнуваат, некои не, но понекогаш, како што е овој пример, нешто толку многу ќе ги изненади што ги погодува право в срце и ги расплакува.
-Денеска оперирав едно малечко девојче. Беше итно, но за кусо време моравме се да одложиме бидејќи и беше потребна крв од групата „нулта негатив“. Ја немавме во резерва, но нејзиниот брт близнак ја имаше истата крвна група и му објаснив дека може да ја спаси сестра си, дека може да ја спаси и дека станува збор за живот или смрт. Во тој миг не ми беше чудно, се до моментот кога му земавме крв и кога ме праша: „ А кога ќе умрам јас?“
Во тој миг сфатив дека воопшто не му објаснив дека не ни е потреба целата негова крв и дека нема да умре поради неа. Тој мислеше дека го дава својот живот за нејзиниот. За среќа двајцата ќе бидат добро.