Момче спасило куп луѓе со вперени фарови викал НЕ ВОЗЕТЕ ТАМУ ВРАЌАЈТЕ СЕ


Момче херој синоќа спасило еден куп возачи кои ги спречило да возат накај обиколницата .. еве го фејсбук постот

UntitledСиноќа околу 22 часот влеговме во земјава на граничниот премин кај Табановце. СЕ до с. Миладиновци немаше ни капка дожд, освен што гледавме молњи што го параат небото и ни се чинеше дека се во западниот дел на Македонија. Ниту на границата, ниту, пак, на некоја од патарините никој не нЕ предупреди за страшното невреме што го зафатило Скопје. Некаде по границата, од една другарка која знаеше дека се враќаме од одмор, добив куса порака: „Избегнувајте ги обиколниците, а во Скопје никако не влегувајте преку Автокоманда. Бегајте подалеку од подвозниците, градот е поплавен.“ На искучувањето кај х. Белви за да се искачиш на обиколницата, во спротивен правец наредени 5-6 цивилни автомобили со вперени фарови во нас. Застанавме. Еден млад човек, обичен граѓанин, со силна светилка во раката го вперуваше светлото во секој од возачите што возеа во колона од Куманово кон Скопје и кон обиколницата, на дождот стоеше и, видно вознемирен, ламентираше: „Луѓе, спасувајте жива глава, не се качувајте горе (на обиколницата), бегајте! Горе е езеро! Спасувајте жива глава! Горе е страшно!“ Овој млад човек за нас е ХЕРОЈ. Тој синоќа спаси голем број граѓани, особено оние што имаа намера да се упатат кон Западна Македонија по обиколницата. Апелирам до вас, драги ФБ-пријатели, да го споделувате мојов пост. Сакам да го најдам овој човек и лично да го наградам, зашто со својот личен апел и ангажман спаси голем број човечки животи! И ми ја врати вербата дека, сепак, и покрај сЕ, сЕ уште, ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1