Запознајте го Мет Хоксли, човекот со девет животи, кој за себе вели дека се чувствува како „најнесреќниот овек кој го познава“, но како и најголем среќник во Британија токму затоа шти има животи колку и мачките.
Метју Хоксли успеал да преживее пад од карпа, скршен врат, срцев удар, воспаление на белите дробови и рак.
Првото бегство од канџите на смртта го имал во 2011 година кога со пријателите решил да оди во Ирска на пливање.
Хоксли не бил свесен колку водата е литка така што се залетал и се „забил“ во вода длабока само еден метар.
Дното било преполно со остри камења.
Со падот, тој успеал да ја скрши клучната коска која го скршила неговиот врат и замалку ќе ја пресекла неговата кичма, а тоа можело да го убие на лице место.
Траумата од падот предизвикала срцев удар, а неговите бели дробови се наполниле со вода.
Спасителите се обидувале да го оживеат 30 минути, колку што им било потребно да го извлечат од водата, затоа што срцето постојано престанувало да работи.
Откако бил префрлен во болница, му биле потребни пет недели да излезе од кома, пишува Daily Mail.
Метју потоа подлегнал на ризична операција на кичмата затоа што бил комплетно парализиран и можел да комуницира со луѓето само со трепкање.
После операцијата лекарите му рекле дека животот ќе го помине во инвалидска количка, но вистинско чудо било кога тој првите чекори ги направил пет месеци после несреќата.
Меѓутоа, додека сеуште бил во болница се заразил со смртоносната МРСА бактерија. Набрзо после тоа, поради ослабениот имунитет, тој добил воспаление на белите дробови.
Таман кога помислил дека животот не може да му биде полош, докторите откриле дека на тестисите има канцероген тумор. После дијагнозата, лекарите му го отстраниле десниот тестис со итна интервенција.
И покрај се, Метју планира во следните две годи да се подготви и да учествува во триатлон.
„Никогаш не треба да се откажете. Мора да се соберете и да продолжите да живеете“, изјавил Метју.