Момчето од Kочани ќе може да има и секс и деца


По трагедијата што го снајде, откако самиот со секира пред три дена си пресекол дури две третини од половиот орган, момчето од Kочани ќе може да има и нормален секс и деца. Овој 22-годишник, кој с` уште е во тешка психичка состојба, бил успешно опериран на Kлиниката за урологија во Скопје каде што во средата попладне му била направена интервенција врз половиот орган. Нормална ерекција ќе може да има по втората операција, која следува за еден месец. Уролозите велат дека вакво посегнување по сопствениот полов орган имало и пред две-три недели во Штип, а пред цели 40 години некој човек од корен си го пресекол пенисот!

Но за нивната еректилна функција немало спас! brza pomos33

Не се знае причината

Грозоморниот настан, за кој пациентот с` уште не ја обелоденува причината ниту на лекарите, се случил така што момчето со секира целосно пресекло дури две третини од половиот орган. Шпекулациите се дека поводот е доживеаниот неуспех при обид за сексуален чин со девојка.

– Тој беше донесен кај нас во тешка психичко-шокова состојба, со фрустрираност, страв и тешко комуницираше и со нас, едвај разменивме два-три збора со него. Среќа е што обилното крвавење прво било сопрено уште во штипската болница, инаку момчето можело повеќе да искрвави, а тука целосно го саниравме. Една третина од половиот орган, за негова среќа, беше зачувана и во релативно добра кондиција, па со корективната операција од кожичката успеавме да направивме дел што недостигаше – појаснува д-р Сашо Дохчев, хирург-уролог, кој го оперира момчето, кој е и шеф на одделот за трансплантација на органи на Kлиниката.

Тој додава дека, иако било донесено и парчето што го пресекол, тој дел не бил пришиен бидејќи во вакви случаи тешко зараснува ткивото. Истовремено, постои опасност од некроза, со што пациентот може комплетно да остане импотентен.

Момчето нормално мокри

Тој вели дека момчето по операцијата почнало нормално да мокри, а останатите две функции се очекува да се вратат по втората операција, која се планира за еден месец.

– Ерекцијата ќе биде меѓу 10 и 12 сантиметри по втората операција за која ќе го консултираме и повикаме д-р Мирослав Ѓорѓевиќ, уролог од Белград, кој има големо искуство во реконструктивната хирургија на пенисот. Дури со втората операција, со која ќе има корекција со издолжување на органот и негово комплетно обликување, би се добила задоволителна должина од 10 до 12 сантиметри во ерекција и шанса за нормален сексуален живот, иако е познато дека тоа не е пресудно при сексуалниот чин. Освен нормална ерекција, момчето ќе има и ејакулација, значи ќе може да има и деца доколку сака – додава д-р Дохчев и нагласува дека по овој, себеповредувачки чин, секако пациентот ќе биде упатен на разговор и со психијатар.

На прашањето колку често се случува некој да посегне по својот полов орган, д-р Дохчев вели:

– Имавме пред две -три недели слична повреда кај штипјанец, а постарите уролози се сеќаваат дека пред 40-ина години некој маж комплетно, од корен, си го пресекол пенисот. Тогаш немало спас функцијата на органот да се зачува како сега, иако момчето како с` уште да не е свесно колку имаше среќа во целата трагедија – вели д-р Дохчев.

Dnevnik.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1