Момчето од страшната сообраќајка кај Рампа и понатаму на апарати за дишење


Здравствената состојба на момчето кое доживеа страшна сообраќајка кај Рампа во скопска Кисела Вода и натаму е непроменета. 22-годишното момче од Сингелиќ и понатаму е во кома по страшниот судир со автомобил марка БМВ.kliniki- brza pomos urgenten

Како што објавува 24 вести, момчето и понатаму е на апарати за дишење и е во животна опасност. Од МВР за 24 вести денеска најавија дека во следните неколку дена сите потребни анализи ќе бидат комплетирани.

Записниците од сообраќајната несреќа се комплетирани и веднаш ќе бидат испратени во Јавното обвинителство, но крим техничарите се уште ги вештачат моторот и БМВ-то, велат извори од полицијата. На возилата им се врши вонреден технички преглед, а одделот за крим -техника ги анализира примероците со крвта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1