Момент пред да ја убие, 14 год девојче напишало на Фејс – ќе загинам, ве сакам


Додека се обидувал да ја дофати цигарата од подот на својот автомобил, пијан маж предизвикал сообраќајка во која усмртил малолетно девојче.


Kayleigh-Lawrie-Steven-HayterКајли Лори (14) починала кога автомобилот во кој се наоѓала паднал во ров покрај патот во близина на еден мал град во областа Вилобај Линкошир во Англија.
Девојката уплашена од брзината со која возачот се движел, неколку моменти пред трагедијата на Фејсбук напишала дека ќе умре и се опростила од најблиските. Покрај неа, во автомобилот исто така бил нејзиниот помлад брат, кој за среќа преживеал.

Kajli-LoriТрагедијата се случи откако возачот на автомобилот Хајтер Стефан, пријател на нејзиниот татко, изгубил контрола на возилото при голема брзина и големото количество на алкохол во крвта.

Возачот се напил на забавата, на која присуствувал и нејзиниот татко, Скот Лори, кој, кога таа му рекла дека не смее да седне во кола со Хајтер, тој и рекол да не се однесува будалесто.

Начинот на кој пијаниот Хајтер ја возел Кајл влеало доверба кај татко и, а кога застанал на бензинската пумпа, таа на својот профил на Фејсбук напишала статус: „Мислам дека ќе умрам. Ве сакам сите“.
По кусата пауза, продолжиле по патот. Наскоро автомобилот ненадејно се превртил и летал во воздух цели 20 метри. Нејзиниот брат се здобил со фрактура на мозокот и повреди на лицето, но за среќа преживеал, како и возачот на автомобилот. Вечерта по кобната несреќа Хајтер поминал седум часа во полициска станица да се отрезни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1