Момировски во „Само вистина“: Има многу скриени замки во овој договор ВИДЕО


Има многу скриени замки во овој договор, смета новинарот Горан Момировски, кој го коментираше и анализираше договорот со Грција со аналитичарот Тодор Пендаров во „Само вистина“.

Нешто најмногу што „боде“ очи и за двајцата гости е кажаното од Заев за откажувањето на грижата за македонското малцинство во Грција и дека тоа било решено согласно со европската пракса и онака како што предвидува грчкиот устав за имиграцијата, што и Момировски и Пендаров рекоа дека не е исто и поради тоа крие многу замки.

– Ние не се откажуваме само од македонското малцинство во Грција, туку и од македонското малцинство во сите соседни земји – смета Момировски

Анализирајќи го договорот, и двајцата гости изразија зачуденост зошто сега се прифатило за јазикот македонски во ООН да стои фуснота дека тоа е јазик со словенско потекло. И Момировски и Пендаров коментираа за тоа каков би бил референдумот дали обврзувачки и консултативен и што се добива со едниот и што со другиот како и за потребата од предвремени избори што како простор ги остава договорот, избори со референдумско значење.

Момировски во „Само Вистина“ ексклузивно соопшти детали од нон пејпер што во врска со договорот се појавил вечерва во грчките медиуми. Кој во еден член од културолошки аспект зборувал за различни културни и историски контексти на терминот Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1