Деветнаесет годишниот Миодраг Стефановиќ ја претепал и силувал 59-годишната Д.К. мајката на неговата невенчана сопруга С.С. а потоа го претепал нејзиниот неподвижен сопруг во нивната семејна куќа во Сремска Митровица.
Миодраг дошол кај родителите на неговата невенчана сопруга да ја бара бидејќи таа избегала од нивниот дом. Ја скршил влезната врата и влетал во куќата, но откако не ја пронашол сопругата, ја претепал нејзината мајка и ја силувал пред очите на сопругот.
Несреќната жена е силувана и претепана во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, кога Миодраг, како што изјавила таа за српски Курир, упаднал пијан во нивната куќа.
– Цел ден ме следеше, околу три часот наутро насилно влезе во нашата куќа и ме нападна. Ме држеше за вратот, ме тепаше а на крај ме силуваше. Но не му беше доволно тоа што го направи па го претепа и мојот неподвижен маж. Кога заврши со изживувањето врз нас, тој монструм легна под мојот кревет и заспа, а јас веднаш повикав полиција, изјавила несреќната жена.
Таа додала дека Стефановиќ живеел заедно со нејзината ќерка неколку години, но дека таа го напуштила бидејќи постојано пиел и ја тепал.