Монструм: Мајка го убила синот (8) зошто ја затекнал во кревет со свекорот (Видео)


Италијанката која го убила својот осумгодишен син само заради тоа што случајно дознал дека таа е во врска со неговиот дедо, е осудена на 30 години затвор.

Таа го задавила својот син Луис Стивал со електрични кабли и неговото тело го скрила во каналот во местот Санта Кроче на Сицијалија.veronika-panarelo-i-sin-loris-1476901472-1015807-83106

Панарело по убиството се обидувала да го скрие злосторството и ја известила полицијата дека детето и е киднапирано. Таа во полицијата рекла дека последен пат го видела кога го донела на училиште, но го немало кога дошла попладнето да го земе по наставата.

Полицијата се посомнева во приказната на мајката на детето па по прегледувањето на безбедносните камери во училиштето, се покажало дека нејзината приказна не е точна.

Кога ја притиснале со доказите го признала убиството, а во еден момент се обидела да го обвини и таткото на својот сопруг Андру Стивал.

Таа тврдела дека свекорот и помогнал да најде место каде ќе го фрли телото на детето, и дека и дедото го убил, зошто ги фатил како имаат секс.

Нејзиниот свекор најави тужба за клевета.veronika-panarelo-i-sin-loris-1476901603-1015809

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1