Монструм оружје ги уништува сите внатрешни органи – жртвата се мачи, не умира веднаш


Американската компанија „Г2 Ресерч“ го произведе до сега најразорниот куршум, кој беше претставен на саемот на оружје во Лас Вегас. Куршумот е конструиран така да и нанесе најголема можна штета на жртвата, односно практично ги уништува внатрешните органи, а наменет е наводно, за жените кои „мораат да го штитат својот дом“

428898_metak-foto-g2-research-inc_ffКуршумот кој е означен со  кратенката Р.И.П (радикално инвазивен проектил) иако кратенката на англиски значи „рест ин пис“ односно почивај во мир, го уништува сите внатрешни органи, благодарение на фактот дека во чаурата се наоѓаат осум шрапнели во облик на зашилени клинови со триаголна основа.

Ова, наводно е смислено заради „полесно продирање низ слоевите ткиво.“ Своето незамисливо дејство, куршумот го развива дури во живото, еластично тело, додека низ цврстата препрека, како што е дрво или метал, може да помине речиси неоштетен.

Според препораките од компанијата, ваквата застрашувачка муниција наменета е за припадничките на понежниот пол кои го штитат својот дом од провалници.

-Имаше толку приказни за жените кои во одбрана на својот дом, морале во некого да пукаат и по пет-шест пати, но сепак не успеале да го спречат- истакна Клиф Блејз, претседател на компанијата.

Поради тоа, како што рече Клиф, конструирале куршум кој ќе биде најдобар пријател на сите американски домаќинки и кој само со еден погодок целосно ќе го онеспособи, односно масакрира провалникот.

428906_metak8-foto-g2-research-inc_f
428901_metak3-foto-g2-research-inc_fКуршумот е тестиран на разни видови пушки, автоматско и полуавтоматско оружје и секаде покажал исклучителни резултати.

Овој куршум непријатно потсетува на муницијата која по војната во Виетнам, беше забранета до Хашка конвенција.

Поради тоа, сметаат од компанијата, овој куршум треба да биде предупредување за сите кои ќе сакаат да провалат, затоа што тој не убива брзо, туку на жртвата освен голема штета и нанесува и голема болка.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1