Скопска апелација ќе расправа за за петкратното убиство кај Смилковското езеро, случајот „Монструм“. Одбраната ќе ги образложи своите аргументи и ќе побара укинување на првостепената пресуда. Ќе се расправа и за едната ослободителна пресуда која обвинителството претходно ја обжали.
Многу прашина се крена и по најавата на опозицискиот лидер Зоран Заев дека поседува снимени телефонски разговори токму за овој случај, но и неговата неодамнешна изјава за германскиот „Ди Цајт“ тврдејќи дека според негови информации невини луѓе биле неправедно затворени. Оваа негова изјава ја искористија адвокатите на одбраната како аргумент во одбрана на обвинетите. Но и покрај најавите и повиците на дел од невладините и до денеска оваа бомба не беше објавена.
На 30 јуни лани скопска единица ги прогласи за виновни Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута за убиство на петмина Македонци, коешто беше извршено на Велигден 2012 година, и ги осуди на највисоката казна под обвинение за тероризам.